Македонија е поразена и од Мароко на Светското првенство за ракометари до 21 година, резултатот беше 30-26 за африканската селекција.
За избраниците на Раде Стојановиќ, ова е четврти пораз на четвртиот меч на Мундијалот во Полска и по дуелот со Мексико од Претседателскиот куп, ќе следува разигрување за 25-тото до 32-рото место на конечната табела, нешто што може да се смета за неуспех, иако нашиот тим не е комплетен на првенството и тоа може да биде мало оправдување.
Узнчев со 6 гола беше прв стрелец во македонскиот национален тим денеска, по пет гола постигнаа Белистојаноски и Стојановски, а четири имаше Карасманакис.