Не е доцна да станете Мајстор за Европско, играта е интересна

После првите осум дена од стартот на Европското првенство, во бесплатната игра Мајстор за Европско која се спроведува преку Фејсбук профилот на Sport Life обложувалници, трката за наградите е интересна, и предизвик за секој љубител на фудбалот е да си го испроба знаењето.

Најдобрите тројца мајстори ќе добијат фантастични подароци, а за првото место наградата е „Apple iPhone 12 64GB Black“. Второпласираниот добива официјален дрес на македонската фудбалска репрезентација, додека ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари е предвиден за третиот најдобар мајстор за Европско.

Живко Данилов со 58 поени е лидер во генералниот пласман. Зад него се Лидија Пенева со 49 и Боже Наумоски со 47, но секој ден е нова шанса и можни се измени во редоследот.

Правилата за учество се едноставни. Пријавата е со вашето вистинско име и презиме и притоа да имате повеќе од 18 години. Секој Facebook корисник треба да одговори точно на прашањето за различни игри за еден натпревар секој ден кога се игра натпревар на Европското првенство (22 дена, 22 натпревари).

Секој точен одговор се бодува со 10 поени, најбрзите 10 учесници со точен одговор добиваат дополнителни бодови редоследно, за првиот најбрз 10 поени (20 вкупно), вториот најбрз 9 (19 вкупно) и така до десеттиот најбрз учесник, кој добива 1 дополнителен бод. Сите останати учесници по десеттиот добиваат 10 бода.

Табелите со најдобро пласираните 10 корисници и со сите корисници кои освоиле бодови ќе бидат прикажани на страницата МАЈСТОР ЗА ЕВРОПСКО и ќе се освежуваат секој ден, а таму можете да го најдете сите детали околу играта која ќе трае до 11-ти јули.

Покажете го своето знаење на фудбалската игра и натпреварувајте се со другите фанови, во игра сте за iPhone 12!

- Оглас -

Најнови вести