Не е доволен трофејот во ЛЕ: Челзи и Сари се согласија на прекин на соработката

По долги разговори меѓу раководството на Челзи и агентот на Маурисио Сари, Фали Рамадани кои се одвиваа денес, донесена е одлука клубот и стратегот да се разделат по само една сезона. Овие информации пристигнаа од Италија, поточно од новинарот Алфредо Педула, кој е близок со Сари и претходно беше првиот човек кој го најави доаѓањето на Италијанецот на клупата на Сините минатото лето.

Од таборот на Челзи истакнаа дека ќе му дозволат на Сари предвремен прекин на соработката доколку тоа е негова желба, а по овие најави се чека само официјална потврда од клубот. Доколку ова е вистина, тогаш многу веројатно е дека Сари ќе се врати во Италија, а како што претходно се шпекулираше ќе ја преземе клупата на Јувентус, каде го чека годишна плата од седум милиони евра.

Овој чекор е направен само два дека откако Челзи ја освои Лигата на Европа со победата над Арсенал од 4-1 во финалето, успех кој очигледно не е доволен за раководството на клубот, како и освоеното трето место во Премиер лигата и покрај турбулентната сезона. Треба да се напомене дека Челзи под водство на Сари стигна до финалето во Лига купот на Англија, каде претрпе пораз од Манчестер сити во пенал-рулет.

Во дебитантската сезона, Сари го предводеше Челзи до 39 победи во сите натпреварувања, а само учинокот на Жозе Мурињо (42 победи) е подобар од оној на Италијанецот во првата сезона како стратег на Сините.

- Оглас -

Најнови вести