Не е како тој на Гвардиола, ама и Просинечки има часовник „Ролекс“

Појавувањето на тренерот Пеп Гвардиола од Манчестер сити со часовник вреден 1,5 милиони евра неодамна предизвика големо внимание, а нешто слично се случи и во Сарево, каде што селекторот на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки, на прес-конференција дојде со „ролекс“.

Некогашниот хрватски фудбалер ги воодушеви присутните со деталот на раката, па почнаа истражувања околу тоа колку чини часовникот. Се утврди дека станува збор за моделот „ролекс експлорер 2“, чија вредност се проценува на околу 8.000 евра.

Часовникот е изработен од челик и иако не изгледа премногу атрактивно, сепак е „Ролекс“, а кога купувате часовник од тој производител, купувате повеќе од обичен часовник и името е тоа кое чини бидејќи традицијата гарантира квалитет и долго траење.

Просинечки во играчката кариера настапуваше за Реал Мадрид, Барселона, Црвена ѕвезда, Динамо Загреб, Севилја и заработи многу, па не му беше проблем да си купи часовник од 8.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести