Гвардиола на прес се појави со часовник кој вреди 1,5 милиони евра (Фото)

Манчестер сити убедливо со 5:1 ја растури Аталанта и со максимални 9 бода од три меча е на прагот до пласман во нокаут фазата од Лигата на шампиони. На прес конференцијата по мечот, во центарот на вниманието беше тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег не кажа ништо спектакуларно, но сите зборуваа за часовникот кој го носеше.

Гвардиола на својата рака имаше часовник кој се вика „РМ 27-01 Рафаел Надал“, од швајцарската фирма Ричард Мајл. Тој часовник е произведен во само 50 примероци во целиот свет и чини 800.000 евра. Бидејќи сите такви часовници се продадени, моменталната вредност на еден таков часовник се проценува на 1,5 милиони евра.

Тој е произведен од титаниум и тежи само 13 грама, плус 20 грама што е тежината на ремчето. Ваков часовник носи и тенисерот Рафаел Надал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести