19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Не е на арно, уште еден гол во мрежата на Столе и ова ќе биде најтежок пораз во историјата за Македонија

Само што почна второто полувреме, Англија со вториот погодок вечерва на Букајо Сака зголеми на 4-0, а пет минути подоцна ѕвездата на Арсенал направи и хет-трик за 5-0.

Победникот одамна е познат, останува да се види дали Англичаните ќе продолжат да ја решетаат мрежата на Столе Димитриевски или ќе подзастанат.

Овој резултат веќе е на врвот на листата на најтешки порази на македонската фудбалска селекција во историјата, но го дели првото место со мечеви на кои сме губеле со 0-5 или 1-6. До крајот на средбата на „Олд Трафорд“, за жал, има уште повеќе од половина час, доволно време за нов неславен рекорд и пораз кој долго ќе го паметиме.

- Оглас -

Најнови вести