Не е само Интер, и германскиот гигант ќе има свој играч во финале на секое СП во последните 40 години

По одигрувањето на сите четвртфинални натпревари, познати се репрезентациите што ќе се борат за титулата на Светското првенство, а причини за радост имаат и два европски гиганти кои ја продолжуваат традицијата.

Меѓу четирите најдобри на Мундијалот во Катар останаа, Аргентина, Хрватска, Франција и Мароко.

Гаучосите и Коцкестите ќе играат во првото полуфинале кое е закажано за вторник (20 часот), а следниот ден ќе се сретнат Франција и Мароко.
Пред два дена Интер се пофали дека од 1982 година и СП во Шпанија, па до Катар, секогаш имал свој фудбалер што играл во финалето на СП.

https://twitter.com/ronaldmorgan_/status/1601878342818582532?s=20&t=M9texfrbB1z4YHxfq5gIeg

Но, не е само италијанскиот гигант со ваков успех, и германскиот Баерн Минхен од 1982 година постојано има играч што бил дел од финалниот меч за титулата на СП.
Двајца Хрвати играат за овие два тима, Марсело Брозовиќ (Интер) и Јосип Станишиќ (Баерн), Аргентинецот Лаутаро Мартинез е член на Нераѕурите, додека Мароканецот Насер Мазрауи настапува за Баерн.

Највеќе претставници има Франција кои сите настапуваат за Баерн, Дајот Упамекано, Бенжаман Павар, Лукас Ернандез и Кингсли Коман.

- Оглас -

Најнови вести