Италијански гигант се пофали, 40 години по ред и на 11 Светски првенства во низа имаат барем еден играч во мундијалско финале

Интер повторно ќе има барем еден фудбалер во финале на Мундијал, откако денеска Хрватска го елиминира Бразил на пенали во првото четврфинале во Катар.

Со тоа сите селекции кои останаа во игра имаат барем еден фудбалер што настапува во редовите на италијанскиот гигант, кој се пофали дека серијата трае од Светското првенство во Шпанија во 1982 година.

Оттогаш 40 години по ред, или на 11 Мундијали во низа барем еден фудбалер на Интер настапил во големото финале.

Хрватите кои се први полуфиналисти во Катар во своите редови го имаат Марсело Брозовиќ, еден од најдобрите фудбалери на Интер.

Кај Аргентинците кои ќе играат за финале против Хрватска од Интер е Лаутаро Мартинес, што значи кој и да се најде во мечот за светската круна сигурно на терен ќе има барем еден фудбалер на Нероаѕурите.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести