Новиот спортски директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, кој дојде од Наполи, вчера ја шокираше италијанската јавност со одлуката да му се заблагодари на капитенот Леонардо Бонучи.
Но, долгогодишниот капитен кој најверојатно ќе се пресели во Лацио, не е единствениот кој ќе си замине од Старата дама.
Џунтоли ги известил и Вестон Мекени, Денис Закарија и Артур Мело, дека се вишок и слободни се во потрагата по нов клуб.