Инцидентот со Ромелу Лукаку кога го критикуваше тренерот Томас Тухел е добро познат за јавноста.
Но, според последните информации од Челзи, Белгиецот не е единствениот фудбалер којшто е незадоволен од пристапот на германскиот стратег.
Иако не се познати имињата на играчите, се верува дека еден од нив е и Хаким Зијех, кој никако да добие константна позиција во стартниот тим и наводно се пожалил дека тренерот премногу го ротира.
Дека не е најсјајна формата во којашто се наоѓа актуелниот европски првак, говори и податокот дека на последните пет средби имаат само една победа во Премиер лигата и наместо борба за титулата, сега ќе водат битка со ривалите за да останат во топ четири, што би донело евентуален пласман во Лигата на шампионите и наредната сезона.