Лукаку: Тухел ме разочара, посакувам да се вратам во Интер

Ромелу Лукаку даде интервју за „Скај спорт“, во кое го критикува актуелниот тренер на Челзи, Томас Тухел.

Напаѓачот летово пристигна од Интер во трансфер вреден над 100 милиони евра, но во своето излагање кажа дека посакува набрзо да се врати во Италија.

„Психички сум добро, ама не сум задоволен од Томас Тухел и ситуацијата во Челзи.

Тој го промени целиот систем на игра, но јас нема да се откажам сега бидејќи сум голем професионалец.

Сето тоа што се случи минатото лето, мислам дека не требаше да се случи на тој начин, како ги напуштив Интер и навивачите. Сега можеби е вистинско време да кажам дека Интер е во моето срце и посакувам да се вратам, не пред крајот на кариерата, туку додека сум во одлична форма.

Сакам да им се извинам на навивачите коишто се навистина одлични и ми помогнаа мене и на мојата фамилија додека бев во Милано“, изјави Лукаку.

Белгиецот во досегашниот дел од сезоната има постигнато седум гола за Челзи, од кои пет се во Премиер лигата, а два во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести