Не е само Несторовски проблем – во Велс суспендирани тројца репрезентативци

Македонија во дуелот против Германија ќе биде без Илија Несторовски, откако напаѓачот доби суспензија поради непристојно однесување. Селекторот Игор Ангеловски реши да го исфрли Несторовки од составот поради тоа што Илија пцуеше директно во камерата која го пренесуваше предност и тоа откако даде гол на мечот против Лихтенштајн.

Ова однесување на Несторовски беше неприфатливо за навивачите, а откако Ангеловски се увери во испадот на фудбалерот, реши да го исфрли од составот за најважниот меч, против Германија.

Но, Несторовски не е единствен исфрлен во сред квалификациски циклус. Од репрезентацијата на Велс објавија дека тројца репрезентативци се избркани од репрезентацијата поради нарушување на едно од правилата. Не се открива кое правило е прекршено, но јасно е дека Робсон-Кану, Раби Матондо и Тејлор Робертс нема да играат против Чешка.

 

- Оглас -

Најнови вести