Ангеловски го отстрани Несторовски од националниот тим за дуелот со Германија!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, го казни однесувањето на напаѓачот Илија Несторовски и нема да смета на него за претстојното гостување во Германија.

„Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека откако ќе ја погледнам снимката, ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски, сакам да ѝ го соопштам на јавноста следното: Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”, изјави Ангеловски

- Оглас -

Најнови вести