Не е за верување: Бејл во новиот клуб ќе заработува 22 пати помала плата од таа што ја добиваше во Реал Мадрид

По речиси 10 години поминати во дресот на Реал Мадрид, Герет Бејл конечно си замина од Кралскиот клуб и им го очесни буџетот за следната сезона. Иако речиси две години воопшто не играше за Реал, Бејл беше убедливо најплатениот фудбалер, па за последната сезона во Кралскиот клуб заработи 35 милиони долари.

Изненадувачки делуваше дека Бејл реши кариерата да ја продолжи надвор од Европа, односно во тимот на Лос Анџелес во МЛС првенството во Америка. Многумина веруваа дека парите повторно биле одлучувачки фактор за тој да замине толку далеку од Европа, каде што ја помина целата негова кариера, но не е така.

Шокантно делува фактот дека според договорот, Бејл за следната година во тимот на ЛА ќе зарботи само 1,6 милиони долари, сума која е 22 пати помала од тоа што го доби последата сезона во дресот на Реал. Велшанецот, кој треба да го предводи националниот тим на Светското првенство во Катар, едноставно сакал да види каков е животот во Лос Анџелес, а сигурно по завршувањето на кариерата, таму ќе има многу повеќе места каде што ќе може да го игра неговиот омилен голф.

 

- Оглас -

Најнови вести