Не игра во НБА, висок е само 188 сантиметри, а победи во натпреварот во забивање (Видео)

Викендов нема натпревари во НБА бидејќи вниманието на целиот свет е насочено кон традиционалниот Ол-стар викенд, каде вистинска ѕвезда на првиот ден беше кошаркарот кој не настапува во најсилната кошаркарска лига на светот, Мик Мекланг.

Мекленг кој има одиграно само два натпревари во НБА лигата, по еднаш за Чикаго и ЛА Лејкерс, и настапува во развојната лига, победи во натпреварот во забивање.
Од 20-те оценки што ги доби за своите забивања, дури 19 беа максимални.

Така Меккланг го заврши натпреварувањето со 199,8 поени од максимални 200 и сосема заслужено си го однесе трофејот во конкуренција на Кенион Мартин јуниор, Треј Марфи трети и Џерико Симс. Посебно интересно беше неговото забивање во кое прескокна двајца мажи, ја потпре топката на таблата, а потоа заби! Покрај тоа, на публиката и понуди забивање со спектакуларно вртење од 540 степени.

Бекот на Портланд треилблејзерс, Демиен Лилард, победи во натпреварот во шутирање тројки, пред тандемот од Индијана, Бади Хилд и Тајрис Халибартон. Лилард имаше по 26 поени во секоја рунда, а рекордот на вечерта го постави Халибартон кој во првата серија броеше до 31. Но, во втората целосно потфрли и дозволи двајца колеги да го престигнат, иако беше фаворит за титулата.

Ноќта меѓу саботата и неделата се одржа натпреварот во вештини, а најдобар беше тимот на Јута. Триото Џордан Кларксон, Вокер Кеслер и Колин Секстон во финалето ги победијата браќата Адетокумбо.

- Оглас -

Најнови вести