Хрватот Иван Јуриќ и официјално веќе не е тренер на Рома. Клубот објави дека се разделиле со човекот кој на нивната клупа седна на 18-ти септември како наследник на Даниеле Де Роси.
Навивачите извесен период бараа смена на Јуриќ, а после денешниот пораз (четврти пораз во последните пет кола во Серија А) од Болоња беше капката која дефинитивно ја прели чашата.
Потрагата по нов шеф на струката е веќе започната, а името ќе биде објавено во следните неколку денови“, објавија од Рома.
Фаворит за нов тренер на Рома е Роберто Манчини кој изјави дека не би одбил ако добие понуда од Волчицата. Тој би бил дури четвртиот тренер на Рома во календарската 2024 година која ја почнаа со Жозе Мурињо на клупата.