3.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Не личеше на дерби: ПСЖ го понижи Олимпик Марсеј

Пари Сен Жермен останува на чело на табелата и по 21. коло во француската лига, откако со убедливи 5:0 го победи Олимпик Марсеј во мечот кој требаше да биде дерби. Светците уште од самиот почеток покажаа доминација и со двата погодоци на Усман Дембеле стигнаа до 2:0 по првото полувреме.

Во вториот дел ПСЖ продолжи во ист ритам, а тоа донесе уште радост за домашните фанови. најпрво Медина си даде автогол, а потоа Кварацкелија зголеми на 4:0 во 66 минута. Петардата пукна кога Ли погоди во 74 минута.

По ова коло ПСЖ е лидер со 51 бодови, два повеќе од второпласираниот Ленс, додека Лион е трет со 42 бодови. Олимпик Марсеј по овој пораз остана со 39 бодови и е на четвртото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести