Не можат да му дадат гол, „октоподот“ Столе e најдобар голман во шпанската лига (Фото)

Македонскиот голман Столе Димитриевски заедно со Марк-Андре тер Штеген од Барселона се единствените двајца голмани кои немаат примено гол по 180 минути игра сезонава во шпанската Ла Лига.

Димитриевски, кој беше прогласен за најдобар голман во првото коло, и синоќа имаше уште една одлична партија, со седум одбрани ја спречи Гранада да му даде гол и беше најдобро оценет играч на мечот, па има добри шанси пак да биде во тимот на колото.

Тоа што го прави Столе моментно најуспешен голман во шпанското првенство е што покрај сувите мрежи, има и голем број одбрани. Во второто коло, тој имаше седум интервенции, за разлика од Тер Штеген, кој не прими гол, но имаше само една одбрана.

Инаку, Димитриевски втора сезона по ред стартува одлично во шпанската лига. И во минатата сезона немаше примено гол во првите две рунди, кога играа со Барселона и Еспањол.

- Оглас -

Најнови вести