Не можат да најдат стадион – Бизарна причина одложи големо европско дерби

Едно од најголемите вечни и градски дерби мечеви меѓу Ујпешт и Ференцварош нема да се игра денеска, во предвидениот термин, а причината е банална.

Домаќините, екипата на Ујпешт има проблеми со својот стадион, а во предвидениот рок на 8 дена до мечот не успеа да најде друг терен за игра, па побара и доби одложување на 280. вечно дерби на Унгарија.

Ференцварош се согласи со барањето на големиот ривал и сега се чека нов термин за да се одигра мечот од 20. коло во унгарското првенство.

Ривалитетот на двете екипи е голем и почна во 1905 година кога е одигран првиот меѓусебен дуел. Досега имаат играно 279 пати во сите конкуренции, а поуспешен е Ференцварош со 133 победи наспротив 77 на Ујпешт со 69 нерешени дуели.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести