Унгарската вртелешка само го разгоре вековното ривалство на Ференцварош и Ујпешт

Ференцварош веќе ја освои титулата во Унгарија, но без триумф против вековниот ривал Ујпешт пехарот нема исто значење.

Така барем велат во Унгарија, а ривалитетот меѓу двете екипи што трае повеќе од еден век е еден од најголемите во Источна Европа.

Утре пак ќе играат по 278. пат што е бројка за почит, а од двајцата наши репрезентативци ќе игра само Кире Ристевски за гостите, за Ујпешт. Стефан Спировски се уште не е подготвен за настап, но ќе има причина за радост, бидејќи неговиот Ференцварош е првак на Унгарија.

Првиот меч двете екипи го имаат одиграно во 1905 година, а победи Ференцварош. Екипа која доминираше со МТК на почетокот на унгарската лига.

Двата тима од Будимпешта доминираа во периодото на почетокот на минатиот век и освоија заедно 24 титули. Ниту една друга екипа немаше трофеј, но тоа почна да се менува со почетоците на доминацијата на комунистичката партија во Унгарија.

Ујпешт, кој е на границата со Будимпешта е првиот тим што ја разби доминацијата на Ференцварош и МТК и освои 4 титули.

Во 1950 година тој дел од Унгарија беше прогласен за четвртиот дистрикт на Будимпешта, а Ујпешт беше синоним за државен клуб во Унгарија. Познат како Ујпешт Дожа, долго време беше милениче на власта, а на страната на отпорот најгласни беа навивачите на Ференцварош.

Ривалитетот само растеше со текот на времето, а сега во актуелната ситуација улогите се сменија. Во Унгарија велат дека само Ујпешт не е клуб под патронатот на Виктор Орбан, или некој од неговите министри и блиски соработници.

Сега Ференцварош е привилегиран клуб, а Ујпешт е на страната на тие што протестираат. Секако тоа се само политички игри, кои постојано ги има во Источна Европа, а на теренот големите ривали утре ќе го играат 278. меч во дерби меч што ќе го продолжи столетното ривалство, едно од најголемите во европскиот фудбал.

Ференцварош има 131 победа, 69 натпревари завршија нерешено, а 77 пати победуваше Ујпешт.

- Оглас -

Најнови вести