Фудбалерите на Канада и Мексико не дозволуваа да заврши второто полуфинале во Голд купот, а на теренот се случи голема мешаница, која, за среќа, не резултираше со физичка пресметка, иако играчите покажуваа сила едни на други.
Мексико стигна до победнички гол за 2-1 во деветтата минута од судиското надополнување преку Ерера, а набрзо потоа Канаѓаните го изразија својот револт во обид на неспортски начин да ја дополнат драмата.