20.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Не може олимписко финале во фудбал без Бразил

Селекцијата на Бразил на трети Олимписки игри по ред ќе игра во финалето на турнирот во фудбал за мажи. Во денешното прво полуфинале, Кариоките го победија Мексико на пенали со 4-1 откако во регуларниот дел и продолженијата немаше погодок. Во финалето на ЛОИ во Токио Бразилците ќе играат со Јапонија или Шпанија.

Во пенал-рулетот, Мексиканците утнаа во првите две серии, погодија само во третата, а четворицата изведувачи за Бразил беа прецизни.

- Оглас -

Најнови вести