Не можеа да одолеат, вардарци со победничко селфи во Битола

Вардар за првпат по 2017 година, успеа да победи на гости против Пелистер, во таа 2017 година вардарци последен пат имаа дадено три гол на стадионот „Тумбе кафе“ (денешен Петар Милошевски), па затоа и задоволството во редовите на Црвено-црните беше големо.

Вардар освои три бода со кои сега малку полесно може да дише, иако битката за опстанок е далеку од завршена.

Целиот тим на Вардар си направи и селфи за сеќавање на овој денешен триумф.

- Оглас -

Најнови вести