Не можеше да го победи Коронавирусот: Почина поранешниот светски фудбалски првак

Легендарниот одбранбен играч на Лидс, Норман Хантер почина на 76-годишна возраст и тоа како последица од Коронавирусот.

„Норман беше однесен во болница минатата недела , откако му беше дијагностициран Коронавирусот. Иако имаше одличен третман и лекарите го дадоа најдоброто од себе, за жал утрово ја загуби битката“, стои во соопштението на тимот од „Еланд роуд“.

Хантер беше дел од репрезентацијата на Англија која во 1966 година стигна до светската титула, единствена во историјата на Гордиот албион. Хантер не одигра ниту една минута на тој Мундијал затоа што на негова позиција во одбраната играа и Џек Чарлтон и Боби Мур. Во националниот дрес одигра 28 меча и даде два гола.

Играчот кој 14 години играше за Лидс, вкупно одигра 726 средби за овој тим. Само тројца фудбалери во историјата имаат одиграно повеќе меча од Норман. Чарлтон е рекордер со 773 меча, а потоа следуваат Били Бремнер со 772 средби и Пол Ренеј со 748 одиграни натпревари за Лидс. Како играч на Лидс се радуваше на две титули во Англија, на ФА Куп и Лига Куп.

- Оглас -

Најнови вести