Дуелот меѓу Јамагата и Ехиме од јапонската втора лига стана светски познат и тоа благодарение на гостинскиот голман. Јамагата водеше со 1:0 на полувреме, а во вториот дел за неполни две минути постигна два погодоци и тоа на речиси идентичен начин.
Домаќините успеаа да погодат два пати си удари упатени од својата половина. Голманот на гостите во двете ситуации не внимаваше и успеа за само 90-тина секунди на два пати да се посрамоти.