Елиф Елмас по вторпат вечерва ја затресе мрежата на Јан Облак, а голот во 50. минута е чист како солза и важи за предност од 1:0.
Горан Пандев одигра мајсторски, го исфрли во фор сам Елмас, а нашиот најмлад репрезентативец на теренот рутинкси го совлада голманот на Атлетико Мадрид.
Во последните моменти од првиот дел Елмас погоди, но голот беше поништен поради наводен офсајд на Николов, во многу сомнителна позиција.