23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Не помогна судијата, корнерите кобни за Италијанците, Англија е прв финалист на У-19 ЕП (Видео)

Репрезентацијата на Англија за фудбалери до 19 години се пласира во финалето на ЕП, кое се одржува во Словачка, откако во првото полуфинале ја совлада Италија со 2-1.

Во финалето Англија ќе игра против Франција или Израел.

Италијанците поведоа рано со гол од пенал и тоа беше прв примен гол за младите Англичани на ова првенство.

Во 36-тата минута, Англичаните веројатно беа оштетени од судијата, кој не му покажа црвен картон на италијанскиот голман Депланш за фаул надвор од 16-никот, па средбата продолжи со 11-мина во бели против 11-мина во сини дресови.

Во вториот дел, Англија направи пресврт, двата гола беа со глава по нафрлување од корнер. Победничкиот погодок беше дело на Џарел Кванса од Ливерпул во 82-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести