Не потцени, па се повреди – Капитенот на Австрија е неспремен за настап на ЕП

Јулијан Баумгартлингер повторно има проблеми со коленото што го оперираше во јануари и денеска на тренингот на австриската репрезентација за кусо се повлече од теренот.

Капитенот на Австрија потоа продолжи со тренингот, но одвоено од останатите репрезентативци и со намален интензитет. Баумгартлингер имаше многу проблеми во Баер Леверкузен сезонава и долго паузираше по операцијата на коленото, кое и сега очигледно му создава многу проблеми.

Претходно 33-годишниот репрезентативец на Австрија изјави дека Македонија е противник по мерка за премиера на ЕП, а со нив ќе играме на 13. јуни во првиот меч на турнирот за двете репрезентации.

Под посебен режим и со посебен третман денеска кај Австријците тренираа и Марко Арнаутовиќ и Стефан Илсанкер.

 

- Оглас -

Најнови вести