За капитенот на Австрија, Македонија е посакуван противник во првото коло на ЕП

Капитенот на австриската репрезентација и фудбалер на Баер Леверкузен, Јулијан Баумгартлингер, смета дека македонската репрезентација е квалитетна, но дека Рисовите се идеален противник за Австрија да тргне со три бода на претстојното Европско првенство. Мечот помеѓу Македонија и Австрија се игра на 13-ти јуни во Букурешт.

Австрија во квалификациите за ЕУРО 2020 два пати ја совлада Македонија, во Скопје со 4-1 и во Виена со 2-1, па затоа и оптимизмот кај Австријците е голем.

„Групата е добра. За мене, најважно прашање ќе биде првиот натпревар. Како ќе го отвориме Европското првенство. Мислам дека Македонија е добар тим, но и посакуван противник на отварањето. Тој натпревар ќе биде многу важен за нас. Голем оптимист сум и мислам дека ќе ја поминеме групата, имаме тим кој е гладен за успех“ – изјави капитенот на Австрија.

- Оглас -

Најнови вести