Не пропуштајте: Типувањето за новото коло од Спортската прогноза се затвора за неколку часа

Претпоследното, 31-во, коло од шесттата сезона од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life започнува денес во 15:30 часот. Тоа значи дека имате само уште малку време да ги пополните вашите типови, секако доколку тоа не сте го сториле до сега.

Колото го отвораат два натпревари од германската Бундеслига, Борусија Менхенгладбах – Антрахт Франкфурт и Келн – Унион Берлин. Што се однесува до најголемите фаворити за викендов според играчите на Спортската прогноза, тоа се екипите на Арсенал и Валенсија.

„Топчиите“ битката за титулата ја продолжуваат со гостински дуел против Манчестер јунајтед, а играчите на Спортската предност со мнозинство од 77.91% предност ѝ даваат на гостинската екипа.

Голем фаворит е и екипата на Валенсија, која на домашен терен го пречекува Рајо Ваљеано на нашиот Столе Димитриевски. Дури 79.75% од типувачите сметаат дека мрежата на нашиот голман сигурно ќе се затресе и Валенсија ќе победи.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Финишира и трката во генералниот пласман, а за генералниот пласман се бројат и двата резервни пара, на кои исто така задолжително треба да типувате.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести