Не се двоумете, играјте на голови на двете најефикасни екипи во Топ 5 лигите

По двомесечна пауза, вечерва продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите. На ред се нокаут-мечевите, и тоа од осминафиналната рунда. Актуелниот европски бранител Ливерпул гостува кај Атлетико Мадрид во дуел на две екипи кои имаат цврсти одбрани. Англискиот тим ќе ја има улогата на фаворит, но Јорганџиите секогаш се непредвидливи на свој терен. Ако за мечот во Мадрид постои дилема што да се одигра, тогаш за втората вечерашна средба сè е јасно.

Борсуија Дортмунд против Пари Сен Жермен треба да биде ефикасен меч. Кога ќе се видат составите на двата тима и играчите кои ги имаат во нападот, едноставно влече да се стави дека ќе има голче плус.

Тинејџерите Халанд и Санчо се незадржливи во Германија. Борусија досега има дадено 63 гола во 22 меча, што е речиси по три гола на меч. И одбраната на Милионерите не е најсјајна, па прима над еден гол по меч, што значи дека 4+ е просекот на германскиот тим сезонава. Во последното коло од Бундеслигата Борусија победи со 4:0, што е само една потврда дека има страшен напад. Борусија секогаш давала барем по два гола во шесте меча против француски екипи на свој терен.

ДА НЕ ЗНАЕШ ОД КОГО ДА СЕ ПАЗИШ ДА НЕ ДАДЕ ГОЛ

ПСЖ на спротивната страна има уште пострашен напад. Со играчи како Мбапе, Нејмар, Кавани, Икарди, Ди Марија и Дрекслер не може да се очекува ништо друго освен Светците да блеснат во нападот, иако ќе гостуваат на еден од „најжешките“ терени затоа што Борусија ќе има поддршка од над 70.000 гледачи.

Францускиот првак досега има одиграно 26 меча во нокаут-фазата од ЛШ и ниту една од тие средби не завршила 0:0. Сезонава во домашното првенство ПСЖ постигна дури 67 гола.

Едноставно очекуваме овој дуел да биде уживање и минимум четири погодоци, а нормално, треба да се тресат мрежите на двата тима.

 

- Оглас -

Најнови вести