Феникс санс славеше со 84:80 во четвртиот меч против ЛА клиперс во финалната серија на Западот и дојде на само една победа од пласман во големото финале на кое што Сонцата чекаат од 1993 година. Отсуството на Кавај Ленард и тоа како е голем хендикеп за Клиперси кои останаа со минимални шанси да ја добијат оваа серија за да се најдат во битка за шампионскиот прстен.
Ефикасноста овојпат не беше истакната како во претходните мечеви, но повторно решаваа нијанси иако Феникс во добар дел од мечот имаше двоцифрена предност при највисоки +16 поени. Домаќините не искористија неколку шанси да прејдат во водство во завршините 12 минути, па сега се напрагот да бидат елиминирани.
Букер со 25 поени ги предводеше Сонцата до победата, за која придонесоа и Ејтон со дабл-дабл од 19 поени и 22 скока, како и Пол со 18 поени и 7 асистенции. Пол Џорџ со двојниот учинок од 23 поени и 16 скока беше најефикасен од редовите на Клиперс.
https://www.youtube.com/watch?v=1rvJI3_BVAQ