28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Не се предава: Венус Вилијамс на 45 години се враќа на ВТА турнирите

Седумкратната освојувачка на гренд слем турнирите, Венус Вилијамс повторно се активира да биде дел од ВТА турнирите. Вилијамс која има пет титули на Вимблдон и два трофеи од САД опен, сега има 45 години, но верува дека ќе може да се носи на теренот со тенисерки кои се и повеќе од војно помлади од нејзе.

Вилијамс доби покана (вајлд-кард) да учествува на Вашингтон опен. Ова ќе биде прв нејзин настап на ВТА турнир по пауза од 16 месеци. Последен пат играше во Мајами во март минатата година, а последната победа на ВТА турнирите ја забележа во август 2023 година кога на турнирот во Синсинати ја победи Русинката Вероника Кудерметова.

„Возбудна сум затоа што ја прифатив поканата да бидам дел од Вашингтон опен. Во Вашингтон има нешто навистина посебно. Енергијата, навивачите, историјата. овој град секогаш ми покажувал толку многу љубов и едвај чекам повторно да заиграм таму“, рече Венис.

ВТА 500 турнирот во Вашингтон е на тврда подлога, а ќе се игра од 21 до 27 јули.

- Оглас -

Најнови вести