Не се сите за Ноле, Србин ги истетовирал иницијалите на Федерер

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, кој поради рекордните 20 гренд-слем титули многумина го сметаат за најдобар на сите времиња, има навивачи во целиот свет, а тоа значи и во Србија. Иако Србите за обожување си го имаат Новак Ѓоковиќ, кој може да го загрози рекордот на Федерер, не сите кај нашиот северен сосед навиваат за Ноле.

Федерер откри дека бил трогнат кога видел српски љубител на тенисот, кој ги имал истетовирано неговите иницијали РФ.

„Луѓето често на рацете или нозете ги тетовираат имињата на своите омилени спортисти, а во Србија има еден мој фан, кој на листот на ногата има истетовирано РФ. Во Буенос Аирес, едно момче ја соблече маицата и на стомакот покажа тетоважа со мојот лик. Најубаво е кога одам некаде каде тенисот не е популарен, а ме препознаваат на улица. Така беше во Етиопија, а во Јужна Америка пред хотел ме чекаа 150 луѓе“ – вели Федерер.

- Оглас -

Најнови вести