Во Бразил моментално се играат првенствата на сојузните држави, а од целата понуда за викендов, највозбудливо беше на дуелот Атлетико Паранаенсе – Коритиба, но не се работеше за фудбалски мајстории, туку за хаос и тепачка.
Возбудлив беше стартот и само по 25 минути резултатот беше 1:1. Тоа како да ги разгори страстите, а во финишот на дуелот, кога се играше судиското надополнување, па еден банален фаул, фудалерите прво започнаа вербална расправија, а потоа се случи хаос.
Играчите на двата тима почнаа да се тепаат, не е знаеше кој сака да ги смири страстите, а кој да удри што е можно повеќе. Судиите не можеа да ја смират ситуацијата, па на крајот мораше да реагира и полицијата.
Cenas lamentáveis ao final de Athletico 1 x 1 Coritiba pic.twitter.com/N90MYkun3d
— ge (@geglobo) February 6, 2023
Интересно е дека по завршување на целиот хаос, судијата реши да не покаже црвен картон на ниту еден играч. Арбитерот во договор со капитените одлучи дека мечот треба да заврши, а впрочем, кога се случи инцидентот, се играше седматата минута од судиското надополнување во вториот дел.