Не смеете да ги пропуштите Квотите на денот, во нив е и најголемото светско дерби (Фото)

Пет интересни дуели кои ако се одиграат заедно на еден тикет може да ви донесат добитен вкупен коефициент од 44.25 се дел од денешната понуда на Квоти на ден во Sport Life.

Првиот предлог е од дуелот во Лига 1 меѓу Лил и Стразбур во кој домаќинот е фаворит за триумф, а предлогот на Sport Life носи квота од 2.05. Оваа квота се добива ако се одигра дека Лил ќе постигне еден или два гола во првото полувреме.

Најмалата квота во денешните Квоти на денот е од полуфиналето во ФА купот меѓу Манчестер јунајтед и Ковентри и изнесува 1.95. За оваа квота потребно е да одиграте дека Црвените ѓаволи нема да загубат, а притоа и двата тима ќе постигнат голови.

Ливерпул по поразот од Кристал палас минатата недела со кој го загуби првото место во Премиер лигата, денеска нема избор, мора да победи за да остане во трката за титулата. Противник на Ливерпул е Фулам, а натпреварот ќе се игра на „Крејвен котиџ“ во Лондон. Предлогот на Sport Life е да се одигра на победа на Ливерпул и притоа да бидат постигнати барем три гола, а квотата за оваа игра изнесува 2.05.

Во Бундеслигата се игра дербито меѓу Борусија Дортмунд и новиот шампион Баер Леверкузен и тука предлогот е да се одигра на голови. Борусија се бори за четвртото место кое носи во Лигата на шампионите, додека мотивите на Баер се сезоната да ја заврши без пораз, и се очекува и двете екипи да играат офанзивно и потади тоа предлогот на Sport Life е да се одигра на голови. За играта да има барем еден гол во првото полувреме, и барем два во второто, квотата изнесува 2.25.

Последниот предлог е од најголемото светско дерби Ел Класико меѓу Реал Мадрид и Барселона. Кралевите се наоѓаат во подобра форма, лидери се на табелата во Ла Лига, го елиминираа Манчестер сити во Лигата на шампионите, а згора на тоа сезонава ја победија Барселона во двата меча и поради тоа предлогот на Sport Life е да одигра дека ќе постигнат барем два гола на мечот, но и дека Барселона ќе постигне барем еден гол.

- Оглас -

Најнови вести