Не сте го виделе во вакво издание – Мурињо под напон како да го дрма струја се дереше од радост по победата против Интер (Видео)

Жозе Мурињо не смееше да ја предводи Рома против Интер поради суспензија, но и без него Волчицата го нокаутира фаворизираниот поранешен клуб на Португалецот, кој полуде од радост по триумфот од 2:1.

Мурињо самиот си објави интересно видео на Инстаграм на кое и буквално урла од радост пред клупскиот автобус на Рома.

Секогаш темпераментен и контроверзен, но овојпат во досега невидено издание по триумфот на Рома против клубот што во 2010 година го предводеше до триплета и со Интер ги освои Лигата на шампионите, Скудетото во Италија и пехарот во националниот куп.

Интересно е што Специјалниот го следеше мечот меѓу Интер и Рома во комбе паркирано надвор од стадионот „Џузепе Меаца“ поради суспензијата од еден меч.

https://twitter.com/StuPollock1/status/1576312246031896581?s=20&t=DVOpfPZsyH-mMDD0JDBZww

 

- Оглас -

Најнови вести