Ердон Даци се повреди во 29. минута на мечот меѓу Вестерло и Лирс и веријатно нема да биде дел од македонската репрезентација за дуелот со Италија во Палермо на 24. март.
Даци беше дополнително повикан на местото на повредениот Адис Јаховиќ, но ако повредата вечерва е сериозна и тој нема да биде од утре на собирот на репрезентативците за бараж мечот на „Ренцо Барбера“ што е квалификациски за настап на Муднијалот во Катар оваа година.
Претходно и Елиф Елмас и Тихомир Костадинов отпаднаа од комбинација за дуелот со Аѕурите, поради жолти картони.
Вечерва со собирот на репрезентативците почна операцијата „Италија“, а од утре треба во Скопје да бидат сите фудбалери што се на списокот на Благија Милевски.
Ако Македонија ја победи Италија, Елиф и Тихо ќе можат да играат на завршниот бараж меч против Португалија во Порто, или со Турција во Коња на 29. март.
Конечниот победник во нашиот дел од костурот ќепатува за Катар на Светското првенство што ќе се игра во ноември и декември.