23.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Не успеа маневарот на докторите – Тухел загуби еден од клучните играчи до крајот на сезоната

Бен Чилвел денеска е опериран по незгодната повреда на вкрстените лигаменти на коленото и според проценките, нема да игра до крајот на сезоната.

Медицинскиот тим на Челзи се обиде со поконзервативен начин да го лекува Чилвел за да се избегне операција, но немаше напредок, па 25-годишниот англиски репрезентативец мораше „под нож“.

Чилвел, кој честопати од Томас Тухел е посочуван како еден од главните адути во играта на европскиот првак, се повреди на 23 ноември, на дуелот од Лигата на шампионите што Челзи го доби со 4:0 против Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести