Не важи извинувањето, Реал го суспендираше Иско

Иско Аларкон е изоставен од составот на Реал Мадрид во пресрет на гостувањето кај Валјадолид во рамките од 27-мото коло во Ла Лига. Ова е казната со која шпанскиот репрезентативец мора да се соочи откако направи нови проблеми во клубот.

По поразот од Ајакс во Лигата на шампионите, Иско не сакаше да се врати дома со тимскиот автобус, што го налути Сантијаго Солари, но и капитенот Серхио Рамос. Претходно не присуствуваше на тим-билдингот во пресрет на тој дуел.

Фудбалерот се извини на целиот тим, но управата одлучи да покрене дополнителна дисциплинска постапка и најверојатно ќе добие нова казна.

Дуелот на стадионот „Хозе Зорилја“ започнува во 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести