14.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Не втрча згодна женска, но 11.000 луѓе гледале „лажно“ финале во ЛШ!

Синоќешното финале во Лигата на шампиони се одигра без публика поради пандемијата со корона-вирусот. На тој начин беше олеснета работата на организаторот да не се случи пропуст како минатата година, кога на финалето меѓу Ливерпул и Тотенхем на теренот втрча полугола девојка.

Атрактивната Кинсли Волански се прослави со влегувањето на теренот за време на финалето и доби светска слава. Целата акција од втрчувањето на теренот може да ја погледнете ТУКА.

На дуелот меѓу Баерн и ПСЖ немаше шанса за некој да го прекине мечот, но сепак се случи нешто необично. На Youtube се појавила снимка за која пишувало дека е пренос во живо од финалето меѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен. Иако се работело за „лажно финале“, односно за стар меч меѓу двата финалисти, на кои имало и публика и двете екипи биле во различни дресови, во еден момент на тој канал имало приклучено 11.000 посетители кои мислеле дека во живо го следат финалето од ЛШ во Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести