Гол-шоуто во еврокуповите продолжи и вечерва, трет ден по ред, по исклучително ефикасните дуели во Лигата на шампионите во вторникот и средата, се распукаа и екипите што ја одиграа првата сеанса во Лигата на Европа вечерва од 18.55 часот.
На вкупно 12 дуели, имаше дури 50 голови, мерак за обложувачите што типуваа на различни игри со голови што се во понудата на Sport Life.
Најефикасно беше во Виена, каде што Рапид го победи Дандалк со 4:3.
Стрелците беа расположени и во Петах Тиква, каде што Баер го победи Хапоел Бер Шева со 4:2, па во Рим, каде што Рома го декласираше Клуж со 5:0, потоа и во Прага со триумф на Славија против Ница од 3:2…
Од 21 часот почнаа последните 12 натпревари од европската недела што ќе се памети долго, исполнета со многу голови во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.