Марадона од Амстердам – Aспирин за главоболка за одбраната на Баер по ремек-делото на Аколатсе (Видео)

Елтон Аколатсе приреди вистинско шоу со втор гол за Хапоел Бер Шева против Баер Леверкузен, а акцијата во која ја издрибла пола одбрана на Баер Леверкузен и голманот Храдецки, беше во стилот на Диего Армандо Марадона.

Холанѓанецот најпрво атрактивно го исфрли од игра австрискиот репрезентативец Драговиќ, потоа со дриблинг го лизна и капитенот на гостите, Тах, а потоа го мина и голманот Храдецки, па рутински погоди за 2:1 во 25-тата минута на мечот што се игра во Петах Тиква.

Гостите потоа израмнија на 2:2, но потегот на Аколатсе и целата акција се меѓу најатрактивните во последно време на фудбалските терени.

- Оглас -

Најнови вести