Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од денеска и официјално е без својот најдобар фудбалер од пролетниот дел од сезоната, Роџерс Мато кој замина во Хартс.
Челниците на Вардар не остават ништо на случајноста и денеска веќе открија дека нови играчи се репрезентативецот Дарко Велковски и српскиот интернационалец Стефан Цветковиќ.
Претседателот на Вардар, Миленко Неделковски попладнево активираше нова „бомба“, најавувајќи две нови засилувања во текот на следната недела. Црвено-црниот дрес треба да го облече некогашниот репрезентативец Бобан Николов и Аргентинецот Хоакин Торес. Аргентинецот има 28 години и игра како офанзивен фудбалер.
„Боби Николов од среда се приклучува на клубот. Утре зема раскин на договор, и патува за Скопје. Торес утре патува за Скопје, во понеделник ќе е со нас. следниот петок доаѓаат неговата сопруга која е адвокат и менаџерот“, открива Неделковски, додавајќи дека двајцата ќе пристигнат како слободни играчи без да се плати никаква оштета.

