Неделната фудбалска треска во Барселона, Рим и Милано шлаг на новото коло на Спортска прогноза

Стартува типувањето за новото, 23-то коло на бесплатната Спортска прогноза што за вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија, а три дербија кои се играат в недела го привлекуваат вниманието.

Во претходното еден играч погоди 11-ка и доби вредносен ваучер од Sport Life, а можеби сега ќе има поголем број добитници, со оглед на атрактивноста на паровите кои може да привлечат повеќе играчи.

Стандардно, понудата почнува со мечеви кои се играат в сабота попладне, од 15.30 часот, и тоа е крајниот термин до кој може да прогнозирате на 13-те меча од основната понуда и двете резервни двојки.

Во сабота се играат пет натпревари, но тоа е само загревање за она што следува в недела, кога се играат осум меча, од кои три се историски мегадербија.

Прво од трите дербија е она римското Лацио – Рома, вечерта силите ќе си ги одмерат Интер и Јувентус во таканареченото Дерби на Италија, а последниот меч од основната понуда е шпанското Ел Класико, дуелот на Барселона и Реал Мадрид, за многумина најголеми дербија ако се земат предвид трофеите, историјата, ривалството, кое не е само спортско, и бројот на навивачи кои ги имаат овие гиганти низ светот.

Двата резервни пара се бројат во генералниот пласман, а таму во водство се Богољуб Ј. и Кирил П. со по 151 поен, додека трети е Добре К. со 147.

Најуспешните во секое коло ги наградува Sport Life, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка. Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет или

X Box Series X

Подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки, добиваат ваучер од 500 денари.
Прифатете го предизвикот!

- Оглас -

Најнови вести