Неефикасно прво полувреме: Полска шокирана од Молдавија, Романија убедлива со Андора (Видео)

Неефикасен фудбал се игра во првото полувреме на петте квалификациски натпревари за Европското првенство. Голови има само во Полска и Романија. Полјаците на домашен терен изненадувачки губат од Молдавија со 0-1 и доколку вака продолжат ќе може да се збогуваат со шансите за пласман на континенталниот собир.

Единствениот погодок за молдавците беше дело на Јон Николаеску во 26-тата минута.

Романија има убедливи 3-0 против Андора на полувремето и е пред победа со која ќе се искачи на врвот во групата И. Стрелци на головите за романците во првото полувреме се Станчиу, Хаџи и Марин.

На натпреварите Норвешка – Шпанија, Турција – Летонија и Велс – Хрватска нема голови после првите 45 минути.

- Оглас -

Најнови вести