Наполи е најсериозниот, а можеби и единствен конкурент на Интер во трката за титулата. Наполи има 68 бодови, само три помалку од Нераѕурите. Трет на табелата е тимот на Аталанта со дури 10 бодови помалку од лидерот.
Иако речиси нема дилема дека Наполи ќе игра во Лига на шампиони во следната сезона, тренерот на наполитанците, Антонио Конте е умерен во прогнозите. Тој дури не ни сакаше да зборува за трката за титулата, туку вели дека главна цел на тимот е да игра во ЛШ.
„На прво место е да се пласираме на позиција која води во Лига на шампиони. Освен тоа, во трка сме и за остварување на целта која не ни беше во план пред почетокот на сезоната. Јасно е дека ќе се обидеме да направиме што е можно повеќе до крајот на сезоната. Ова се е над очекувањата што ги имавме. Факт е дека сме втори на табелата со само три бода зад лидерот Интер“, вели тренерот на Наполи пред гостувањето кај Монца.