Стоперот на Шалке Жан-Клер Тодибо, си поигра со судбината обидувајќи се да се ослободи од тројца противници со дриблање на средината од теренот, па загуби посед на топката и им подари водство на гостите од Бремен.
Вердер води на „Велтинс арена“ против ранливиот Шалке со евроголот на Битенкурт кој го постигна во 32-та минута. Погодокот можете да го видите на следниот ЛИНК.
https://twitter.com/ElevenSports_PT/status/1266734773629829121
Погодоци има и на оснатите три средби од 29-тото коло во Бундеслигата кои започнаа во 15.30 часот. По првото полувреме водство од 1-0 има Херта Берлин против Аугсбург, додека со идентични 1-0 водат гостите Ајнтрахт и Хофенхајм против Волфсбург, односно Мајнц.