21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Неизвесен е настапот на Халанд на Светското клупско првенство

Менаџерот на европскиот шампион Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, изјави дека е неизвесен настапот на неговиот најдобар напаѓач Ерлинг Халанд на Светското клупско првенство.

„Денеска лекарите ќе извршат нови прегледи врз Халанд, па потоа ќе одлучиме. Се надевам дека ќе патува со нас во Саудиска Арабија. Мислам дека нема да биде подготвен да игра против Кристал палас. Докторите велат дека секој ден треба да се следи состојбата со повредата на стапалото“, изјави Гвардиола.

Манчестер сити утре ќе игра против Кристал палас во Премиер лигата, а веќе во вторник ќе настапи во полуфиналето на Светското клупско првенство против победникот од четвртфиналната пресметка меѓу мексиканскиот тим Леон и јапонскиот тим Урава.

Сите натпревари на Светското клупско првенство ќе се играат во Џеда, Саудиска Арабија, а финалето е закажано за 22 декември.

- Оглас -

Најнови вести