Неизвесен настапот на Надал на ЛОИ, тренерот вели ситуацијата воопшто не е добра

Рафаел Надал има повреда на мускулот на десната нога и најверојатно нема да биде во можност да настапи на Летните олимписки игри во Париз. Ова го потврди и неговиот тренер, Карлос Моја, кој вели дека ситуацијата во најмала рака е сериозна.

„Надал имаше болки во четвртокот. Ситуацијата не беше добра во текот на целиот ден. Секоја негова болка ја сфаќаме сериозно и во овој момент не можам да кажам дали ќе настапи или не на Олимписките игри. Во овој момент му е потребен одмор и лекарска нега.“ – вели Карлос Моја.

Ждрепката за машкиот тениски турнир во поединечна конкуренција посака во второто коло да биде можен дуел помеѓу Ѓоковиќ и Надал.

- Оглас -

Најнови вести